Вистината за Македонија. Историја која не се заборава и не се прикрива. Фактите зборуваат

Дали знаете на која личност младите Гемиџии и ја посветија песната Налеј, налеј меанџико? Тоа е Мадам Мадлен, од конобата Утро во Париз.

„Мадам Мадлен, наточи еден бокал вино, од тоа бордото“ – подвикнувала групата на момчиња седнати на маса во мала тесна коноба во Париз. „Ќе ви наточам вино, ама ако ја запеете онаа ваша песна, што е и моја и ако ми ја посветите мене“ одговарала провокативната мадам Мадлен, која била сопственичка и во исто време ги послужувала гостите во конобата Утро. Не чекале да им се каже двапати, одекнувал текстот на песната: „Налеј, налеј Мадлен (меанџико) од црното вино… и ние право имаме да живеејме.

Ова се записи од книга на новинарот Никифор Смилевски, кој во еден дел од неа пренесува интервју со д-р Веле Алексоски, професор по француски јазик за средбата со Жан Бернанже, млада Мароканка. Тие двајцата требало да магистрираат на различни теми, но кај исти професори. Г-дин Веле, на тема за „Македонскиот народ и македонското прашање во Првата светска војна“, а Бернанже на тема „Мароканските војници во првата светска војна во Македонија“.

Но, велешанецот Алексоски се заинтересирал од каде и е идејата на Жан за Македонија. Таа му раскажала дека запознала меанџија во коноба Утро, чија тетка била Мадам Мадлен, која починала 1939 и која никогаш не се омажила и која постојано ги спомнувала Велешките гемиџии и тажно ја потпевнувала песната „Налеј, налеј меанџико, од црното вино“. Таа редовно си спомнувала за последната средба со младите Гемиџии, кога и соопштиле дека се враќаат во Македонија за да го извршат нивното дело, да се слушне гласот на поробена Македонија. Таа им одговорила дека ќе ги чека да се вратат и дека нема да го заборави нивното пријателство. Но после месеци, од дневните весници дознава дека истите тие млади луѓе извршиле атентати во Солун од 28 април до 1 мај 1903 г., со цел да слушне Европа и Франција за угнетувањата на Македонците. Кога добила и потврдно писмо од конзулот на Франција во Солун за нивната смрт, Мадлен само подигнала чаша вино и рекла: Момци, пијам во ваша чест и за вашата Македонија. Секогаш ќе ве почитувам и никогаш нема да ве заборавам. Ќе живеете со мене, а јас со спомените за Вас. 

И токму на оваа тема и на уште многу интересни историски теми за Македонија, разговараме во празничниот поткаст Форум Импакт, по повод 8ми Септември, денот на независноста на Македонија со д-р Веле Алексоски – франкофон, писател, историски истражувач, актуелен претседател на Здружението на пензионери од Велес, а поранешен директор на Гимназијата во Велес, уредник на неделникот Македонско Сонце, претседател на Македонскиот Конгрес за Европа и професор на Универзитетот 2 во Стразбург.

Во поткастот зборуваме и за историски податоци и записи од архивите на Франција и Германија, кои д-р Веле ги истражува и ги пренесува во своите книги, а кои факти некој се обидува намерно да ги прикрие или заборави.

Многу прашања за Илинденското востание, Богомилите, Александар Македонски како и за тоа дали ние самите доволно ја познаваме сопствената историја.

Погледнете го поткастот и слушнете колку државата се грижи за дијаспората и како младите можат со познавање на историјата да чекорат самоуверено за просперитетна иднина. 

Откако ќе го изгледате поткастот заследете ги и нашите медиски канали: 

Tik Tok : https://www.tiktok.com/@impactnetmedia

Facebook: https://www.facebook.com/greenpresscom

Instagram: https://www.instagram.com/impactnetmedia/

Слушајте Импакт Радио кој како плеер можете да го најдете на интернет страниците:

www.impact-press.com

www.green-press.com

www.theimpactnet.com

Водител на поткастот е: Стевче Дечев

Техничкото водство при продукцијата на поткастот: Димитар Андонов

Продукција: ИМПАКТ МЕДИА 2025г.

  • Изнесените ставови и одговорите на прашањата по поткастот се лични на гостите и не мора да се совпаѓаат со редакцискиот став или во целина со ставот на Фондацијата Импакт Нет и водителот.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме IMPACT-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search