Негативна кампања и лажни вести!

Како се ближат изборите така се засилува и негативната кампања поткрепена со лажни вести. Денес сме сведоци дека политичката (не)култура нема апсолутно никакви граници. 

Среде одбележувањето на 11 октомври и 80 од народното востание, активисти на Левица на Могилата на непобедените во Прилеп се обидоа да предизвикаат инцидент кога државниот врв ги полагаше цвеќињата и оддаваше почит на борците. Обидот за предизвикување иницидент на активистите на Левица беше неуспешен. Никој од обезбедувањето не презеде ништо, туку само мирно беа заобиколени активистите и им беше оддадена почит на загинатите прилепски борци во НОБ и револуцијата.

Политичките партии во недостаток на идеи и конкретни решенија за проблемите на граѓаните се решија да водат многу валкана и негативна кампања спрема одредени кандидати за градоначалници.

Кандидатот за градоначалник на Скопје од Коалицијата ЛДП и ДОМ Бени Шакири деновиве се размавтува со некој лист хартија за кој тврди дека е “важен документ”  за изградба на мали хидроцентрали, но дури и кога му беше понудено јавно да го покаже на тв екраните тој си го прибра во џебот. Кога новинарските екипи прашуваат да го образложи значењето на тој “документ” тој се правда дека не бил политичар туку музичар и не бил запознаен со работите. Јавноста се прашува зошто воопшто овај човек се кандидира за градоначалник кога не нуди никакви решенија за проблемите на скопјани туку само лични напади кон останатите кандидати за градоначалници особено кон Ана Петровска и Петре Шилегов.

Кандидатката за градоначалник на Скопје Ана Петровска излезе со својот став во медиумите против оваа негативна и ваклана кампања поткрепена со лажни вести која се води против неа. 

Не сум учествувала во издавање на ниту едно решение, ниту една дозвола коишто се предуслов за отпочнување на изградба на малите хидроелектрани.  Токму спротивното, државниот секретар нема никаква надлежност врз сите постапки коишто се однесуваат на издавање на дозволи или решенија. Јас за целото ова време додека бев во Министерството за животна средина и каде што бев и директор на Инспекторатот за животна средина постојано бев во комуникација со граѓанските организации и разменувавме информации за тоа на каков начин да ги водиме вонинституционалните процеси и да вршиме притисок врз органите коишто правеле штетни одлуки и одобрувале проекти кои имаат негативно влијание врз животната средина” нагласи Петровска.

Таа на прес-конференцијата го покажа и документот, за кој, како што рече, не е никакво решение, ниту дозвола, туку е едно писмо со кое државниот секретар по службена должност препраќа информација потпишана од министерот, од стручните служби, проверувајќи дали се административно исполнети сите правила до генералниот секретар на Владата.

Јавноста се прашува дали кандидатите за градоначалници како Бени Шакири можат да си вадат докуметни од институциите и да шпекулираат со нивното значење и истовреме да се прават недоветни. Политичкото незнаење, немањето на основна култура и почит кон останатите кандидати доведе до ова политичко лудило во кои живееме денес. Сега е време скопјани да почнат да размислуваат во каков град сакаат да живеат, во зелен и хуман град или во град во кои владее урбаната мафија и локални партиски шерифи.

Б.Н.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме IMPACT-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search