Ова е домот. Ова е мајковина и татковина! – Порака од Е. Пешева Зелен Активист

Ја осакативме, ја исповалкавме, загадивме. Шумите ги испосековме, водите ги отрувме. Виновниците не ги казнивме, системот го оставивме да се распаѓа.
Со децении ни право, ни правдина, ни ред ни поредок. Од транзициски „дрпања“ на заедничкото до свесно и неконтролирано за ортаците, другарите, партиите, удавени во корупција.
Со расклатен судски систем. Со привилегии за малкумина. Со здравствен систен што остава луѓе на цедило. Со образовен систем кој создава дупки како во 14-ти век.
Со цели генерации што си ја бараат среќата по туѓи држави. Се движиме од ден во ден со затворени очи како во хорор филм, низ урнатини и прашина на се она што бевме на почетокот, и што допрва можевме да бидеме.
И си велам, не ни е баш за славање, ама оваа пуста љубов во срцето не умира, не се гаси бе.
Ова е домот. Ова е мајковина и татковина!
Ајде уште една, две, три, сто шанси да си дадеме.
Може малку сме, ама еве надежта за живот во боја се уште не не напушта.
Уште имаме можности, уште има потенцијал, уште има добри луѓе овде, има љубов.
Уште душичко – Македонијо. Срце ни трепери за тебе.
Празнична порака од Ели Пешева – зелен активист.