Пандемија на лажни вести


Веќе една и пол година живееме во таканаречената нова реалност со пандемијата на корона вирусот. Оваа глобална пандемија доведе до голем пресврт врз традиционалното живеење на луѓето.

Носењето на заштитна маска, растојанието меѓу луѓето, самоизолација и избегнувањето масовни собири станаа дел од нашите животи. Многу од нас изгубија дел од своите најблиски и ја почуствуваа на своја кожа суровоста на вирусот.

Оваа година пристигнаа вакцините против Ковид 19 и започна масовната вакцинација и во нашата држава. Оваа вакцина треба да ја спречи трансмисијата и тешките облици на прогресија на вирусот.

Токму тогаш почна да се појавува и еволуира една нова пандемија “пандемија на лажни вести” против вакцините што доведе до појавата на т.н антиваксери. Антиваксерите се луѓе кои не веруваат во вакцината и не сакаат да се вакцинираат.

Најчести причини за тоа е што како што велат во вакцината имало чип, отров или некакви штетни супстанци. Веруваат во неверојатни теории на заговор кои немаат апсолутно никаква логика со здравиот разум.

Нивното знаење го стекнале од интернет од нерелевантни извори, лажни вести и од лица кои немаат никаква врска со медицината.

Интересно е што ова “движење” е глобално и често го поддржуваат и високо образовани луѓе, политички елити и јавни личности.Официјално можеме да ја прогласиме пандемијата на лажни вести.

Видовме протести на овие луѓе и во Македонија каде си ги кажуваат своите ставови што е демократски. Луѓе што читале лажни вести на интернет и гледале видеа на јутуб поттикнати од одредени политички кругови се спротиставуваат на вакцинацијата.

Од една страна ги имаме медицинските лица што пола живот учеле медицина, врвни доктори и виролози кои поминале безброј часови во истражување во лабороториите и пронаоѓање лекови и вакцини за да го подобрат здравјето на луѓето, а од друга страна лица кои на интернет читале лажни вести и непроверени информации од сомнителни веб портали. Дали стигнавме до едно нов ниво на глупавост?

Понекогаш се прашувам како ќе завршела пандемијата од мали сипаници Вариола Вера во 1972 ако и тогаш се појавеле антиваксери?Ова лудило мора да запре и ќе треба да се зголеми медиумската писменост на луѓето за да не подлегнуваат под манипулации и лажни вести.

Се дотогаш ќе живееме во оваа пандемија на лажни вести каде што човек што прочитал непроверена вест на интернет е експерт за вируси, вакцини и болести, а докторите кои целиот живот го посветиле на помош и лекување на луѓето се маргинализирани.

Текст на Зелените активисти од Прилеп.

  • Изнесените ставови се лични ставови на авторот.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме IMPACT-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search