Законот за младински политики – половина пат изоден, другата половина неизвесна

Во 2020 годинаla Македонија го усвои Законот за младинско учество и младински политики, кој требаше да биде клучен механизам за вклучување на младите во процесите на одлучување. Денес, во 2025 година, можеме да направиме јасен пресек за тоа што е постигнато во изминатите четири години и каде се наоѓа младинската политика сега.
До каде сме? Дали ветувањата за младите се исполнети или заборавени?!
Младинските совети: Дел од општините формираа функционални младински совети, но голем број останаа само на хартија. Таму каде што постојат, тие често се соочуваат со недоволна институционална поддршка и минимални буџети.
Локалните младински центри, ветени од Владата и општините, сè уште не се воспоставени во најголемиот број градови. Повеќе иницијативи останаа на ниво на проекти поддржани од донатори, наместо од системска државна поддршка.
Националните програми за млади покажаа ограничен ефект: иако дел од средства беа распределени, пристапот остана бирократски тежок и често концентриран во неколку организации во главниот град.
Што се случува со младите? Колку навистина се вложува во иднината?
Емиграцијата продолжува да биде сериозен предизвик – младите често не гледаат доволно можности за работа, образование и квалитетен живот.
Неформалното младинско учество (волонтерски иницијативи, младински организации, граѓански акции) бележи раст, што покажува дека постои енергија и волја кај младите, но институциите ретко ја препознаваат и поддржуваат оваа енергија.
Дијалогот младите – институции останува недоволно структуриран. Таму каде што има позитивни примери, тие се резултат на поединечни иницијативи, а не на системска политика.
Време за акција, не за декларации!
Законот создаде рамка, но без сериозна институционална посветеност тој остана делумно имплементиран.
Младинските совети функционираат во ограничен број општини и не се еднакво активни насекаде.
Ветувањата за младински центри и стабилна поддршка за младински организации во најголем дел не се исполнети.
Владата и локалните самоуправи сè уште не ја препознаваат младинската политика како приоритет, туку ја третираат декларативно.
Перспектива за 2025 и понатаму
Потребно е да се прејде од декларативна во реална поддршка на младите преку конкретни буџети, програми и институционална инфраструктура.
Затоа препорачување забрзано формирање и поддршка на локалните младински совети. Воведување обврска за посилни буџетски ставки за младински политики во сите општини. Подобровање на пристопот до национални и локални фондови за младински организации. Поголема транспарентност и отчетност во спроведувањето на ветувањата кон младите и конкретни финансиски поддршки на млади кои стартуваат со бизнис, проекти за млади и сл.
Младите бараат повеќе од симболично учество – сакаат реална моќ во процесите на одлучување.
Доколку државата не обезбеди системски услови за младите, ризикот од „одлив на мозоци“ и губење на младинскиот потенцијал останува голем.