Градби инкорпорирани во природата без да и наштетат

Официјално во Данска започна изградбата на современ архитектонски проект кој ќе биде и историски за Данска. Станува збор за училиште дизајнирано од данската архитектонска фирма „Хенинг Ларсен“, кое ќе биде изградено по строги еколошки стандарди.
Ева Равнборг, партнер во „Хенинг Ларсен“, го опишува новото училиште како поле помеѓу учењето и пејзажот во кое учењето се одвива и додека се оди од и до училиштето и кое целосно ќе биде поврзано со локалната заедница.

Еден начин на кој училиштето ќе се спои со природната околина е огромниот зелен покрив на кој ќе може да се оди. Зградата ќе биде сместена во природа и поврзана со природата, а во неа ќе се влегува низ повеќе влезови. Многу училишни часови ќе бидат одржувани на отворено.

Во училиштето ќе има библиотека, центри за атлетика, музички соби и училници кои ќе бидат интегрирани во околината, а во него ќе има место за 580 ученици и 100 вработени.

Веруваме дека овој вид на градби ќе биде пример како градбите треба да изгледаат за хуманизација на просторот.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме IMPACT-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search