Не може да се исчисти колку што некои можат да загадат!

Возачите во Македонија генерално гледано имаат многу ниско развиена сообраќајна култура. Се возат стари и неисправни возила, не се почитуваат сообраќајните знаци и се вози со преголема брзина неприспосебена на патот. Но овде детално ќе ја анализираме еколошката култура на возачите.
Кога се враќав од Охрид застанав да одморан на едно паркинг место. Инспирација за тоа ми беше еден човек кој на тоа паркинг место го изваде пепелникот од автомобилот и го истури на земјата. Кога го видов ова реагирав дека не треба да се фрла пепелта од цигарите на тоа место. Неговата реплика беше: “нема гајле секако ќе ја раздува ветерот”. Јас му одговорив дека “ако ветерот ја раздува пепелта и ако има недогаснат отпушок и падне на сува трева може да направи пожар”. Кога увиде дека сум во право, ја собра пепелта повторно назад и видно засрамен ја запали колата и продолжи по патот.
Тој ден се почувстував како вистински зелен активист и херој.
На местата за паркирање покрај патиштата карактеристични се мини депониите на тие места. Пластични шишиња, лименки, памперси, отпушоци и пепел од цигари, се дел од декорот покрај секое паркинг место.

Возачите застануват на тие места и отпадот го фрлаат покрај патот со што ствараат мини депонии и една грда слика покрај патиштата. Ниско развиената свест и некултурата на македонските возачи доведуваат до тоа нашите патишта да изгледаат како депонии.Често се случува кога возам зад некој автомобил низ прозорецот да се фрли пластично шише среде автопат. Овие шишиња можат да претставуваат опасност за возачите кои возат со голема брзина, но проблемот е што лицата што ги фрлаат не размислуваат за последиците кои што можат да ги предизвикаат.
Дел од решението преставува поставувањето на канти за отпадоци на местата за паркирање покрај патиштата со цел возачите кои застануваат да го фрлаат отпадот до тие канти. Исто така и теренска активност на инспекторите за животна средина и казните за лицата кои фрлаат ѓубре на непрописно место можат да го решат овај проблем.
Потребно е да се удри по џебот на загадувачите во спротивно и натаму покрај патиштата ќе имаме мини депонии кои претставуваат грда слика на возачката еколошка (не)култура.
Б.Н.