Од енергетска криза до енергетска демократија

Иако енергетиката е заедничка основа на европската економија, земјите-членки на ЕУ имаат впечатливо различни енергетски политики. Во контекст на прилагодување на безбедносната, економската и на еколошката криза, сè почести се апелите за надминување на тензиите во поглед на енергенсите.

Европските општества не би функционирале без енергенси, што е токму причината зошто енергетската транзиција претставува толку длабока трансформација.

Енергетската транзиција низ Европа ги продлабочува постојните поделби и создава нови политички конфликти.

Стапува на сцена концептот на „енергетска демократија“. Врз основа на уверувањето дека единствениот начин енергетската транзиција да биде праведна и социјално прифатлива е да ги вклучи граѓаните, енергетската демократија има цел да создаде партиципаторен, децентрализиран модел на управување со енергенсите. Под влијание на локални и задругарски движења, актерите вклучени во енергетската демократија се залагаат за ремуниципализација на енергетските дистрибуциски мрежи, создавајќи граѓански енергетски проекти и дејствувајќи да влијаат врз донесувањето политики во ЕУ.

Задругите и граѓанските енергетски иницијативи ја носат енергетската демократија на друго ниво. Задругите се претпријатија во колективна сопственост каде што моќта се спроведува демократски. Нивни акционери се граѓаните, од кои секој има еден глас во бордот на директори (независно од бројот на акции што го поседуваат). Применето на енергетиката, задругите се често група граѓани кои инвестираат во проект за обновлива енергија и управуваат со него.

Од друга страна, граѓанските енергетски иницијативи или енергетски заедници опишуваат проекти за производство на обновлива енергија при што нивниот мнозински капитал е отворен за колективно финансирање, а со него управуваат локалните чинители. Овие иницијативи често имаат форма на задруги, но, постојат и проекти за обновлива енергија чие акционерство го делат приватните компании и граѓаните, со повеќе или помалку хоризонтално управување.

Со делење на директните или на индиректните придобивки од производството на енергија, многу е поверојатно луѓето што живеат во близина на проекти за обновлива енергија да ги прифатат. Оние што се против обновливите извори на енергија како аргументи често ги наведуваат отсуството на транспарентност, демократија и споделување на придобивките. Кога располагаат со моќ да донесуваат одлуки, граѓаните воспоставуваат една форма на агенција, учат за предизвиците на енергетската транзиција и го откриваат политичкото дејствување.

Наместо да бидат заробени од делокализирани приватни интереси (компанијата што стои зад проектот ретко е од самиот регион), профитот што се создава или им се враќа на граѓаните-акционери или се реинвестира во локални проекти со позитивно социјално и еколошко влијание. Демократската контрола врз профитот обезбедува дека тој не се користи за финансирање на активности што загадуваат, како што понекогаш е случај со приватните компании активни и во проектите со обновливи извори и со фосилни горива.

Прочитајте го целосниот текст од Cléa Fache, Hugo Chirol и Léa Legrasна страницата на Зелениот Журнал

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме IMPACT-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search