АЈДЕ ДА ГИ ЗАМЕНИМЕ НАШИТЕ ОБРОЦИ СО ВАШИТЕ

Додека студентите секојдневно треба да прават пресметки и да стравуваат дали ќе им стигнат 140 денари на ден за убав и квалитетен оброк, функционерите се “гоштеваат” штедејќи врз грбот на студентите. Иако имаат поголем стандард од нас студентите, иако си ги зголемија веќе високите плати за 78%, сепак функционерите одлучуваат студентите да гладуваат додека тие комотно седат на кожни фотелји без грижа и совест за студентите.

Не е подобра ситуацијата во студентските домови.

Студентите кои престојуваат таму, се жалат дека соочуваат со низа проблеми кога е во прашање храната, укинат им е појадокот, често наоѓаат инсекти во оброците, минатата година студентите од Студентскиот Дом Пелагонија се затруја со храна.

Студентите повикуваат и на функционерите им порачуваат : “Ајде да го замениме нашиот сув и бајат леб за вашите функционерски оброци!”

Според најновите информации, надлежните институции планираат зголемување на партиципацијата за студирање на сите три циклуси: додипломски, постдипомски и докторски студии.

Сумата за партиципација која се споменува е скоро двојно поголема од досегашната која ја плаќаат студентите.

Исто така покачувањето на партиципацијата е главна точка на дневниот ред на сите Факултетски Студентски Собранија.

Ова е сериозно загрижувачка информација затоа што на ваков начин би се спречила можноста за пристап до високото образование на посиромашни и студенти од социјално ранливи категории.

Студентите, апелираат ИТНО да се повлече овој предлог и оваа идеја, во спротивно ќе ги гледаме поинтензивно на улиците.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме IMPACT-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search