Ако баба лаже, траг не лаже!

На денешната дебата на 24ТВ се водеше жесток дуел помеѓу Ана Петровска – зелен признат борец и довчерашен Директор на Инспекторатот за животна средина и кандидатка за градоначалничка на Град Скопје и Маја Морачанин, претседателка на она што остана од партијата ДОМ и пратеничка во Собранието.

Нервозата од лошите резултати е видлива при секој настап на Морачанин. На денешната дебата таа едвај дозволи соговорничката Ана Петровска да дојде до збор. Морачанин, покажа крајна дрскост и упаѓање во збор заборавајќи ги целосно зелените вредности за чие изградување, огромен труд вложи ДОМ под водство на Лилјана Поповска. Морачанин сакајќи да избегне да говори за дебаклот на коалицијата и остатокот од ДОМ под нејзино водство премина кон постојан напад кон Петровска за теми од пред 10 години, а за соработката со НВО-ии постојано говореше во минато време, затоа што граѓанските и зелените активисти во низа општини одлучија самостојно да одат на избори остварувајќи историски резултати.

Хајката што ја поведе Морачанин против Петровска во овој ТВ дуел дојде до кулминација. Имено Морачанин претходно во јавноста беше актуелна со тоа што нестатутарно ги разреши од функција двајцата потпретседатели (Ана Петровска и Мирослав Богдановски) и ја избрка на нестатутарен начин скоро цела партија. И единствената зелена партија во Македонија од 23 општински организации под нејзино водство остана да функционира само со 6 организации. Соочена со грешната политика која ја води, а со желба да си ги задржи позициите во Владата на локалните избори мораше да се здружи со партијата ЛДП формирајќи ја коалицијата Магла, а потоа преименувајќи ја во коалиција Одлучно.

Двете партии зборуваа дека се за одлучност за промени на политиката но никако одлучно не ги напуштија своите удобни фотељи и владината коалиција. Потврдувајќи со тоа дека се што зборуваа во предизборната кампања е само демагогија.

Откако Морачанин ги избрка од ДОМ зелените познати активисти од низа општини, на листите за членови на советите во општините и за градоначалници, номинираше лица кои немаат допирна точка со зелената идеологија, а се пребегани членови од ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-Обединета, СДСМ или од друга страна олигарси од рударското лоби. Со тоа на изборите остатокот на партијата под водство на Морачанин доживеа дебакл и од вкупно 22 советника колку што имаше ДОМ претходно кога го водеше Лилјана Поповска, сега под водство на Морачанин, остана само со 5 советника. Останатите советници се членови на ЛДП или лица кои немаат поврзаност со ДОМ.

Дебакл доживејаа и најблиските соработници на Морачанин, така генералниот секретар на партијата и актуелен директор на Агенцијата за поддршка на туризмот освои само 429 гласа за кандидат за градоначалник. Довчерашниот претседател на младината не влезе во советот на Ѓорче Петров. Потпретседателот на ДОМ, Христа Најданов заврши на претпоследно место, со далеку помалку од потребните гласови за борба во втор круг. Поради расколот кој што го реализираше Морачанин, изостана и поддршката од Европските зелени кон ДОМ, а за разлика од тоа Зелен Хуман Град и Ана Петровска добија поддршка од зелените од Австрија, од Србија и други европски држави.

Во Македонија постои народната поговорка „Ако баба лаже, траг (или бројките) не лажат. Па постигнатите 22 илјади гласови низ општините, распоредени во шест изборни единици потврдуваат дека ДОМ и ЛДП се покуси за 15.000 гласа од вкупно постигнатите претходни изборни резултати кои ги имале двете партии поединечно во своето најдобро функционирање. И доколку ова беа парламентарни избори ДОМ и ЛДП ќе останеа без пратеник, губејќи ги своите 4 места во Парламентот.

Немајќи координација со лицата кои освоија советнички мандати од коалицијата Одлучно, затоа што повеќето од нив не се членови на ДОМ и ЛДП, Морачанин и остатокот од ДОМ, но и ЛДП со Милевски не може да испорачаат поддршка ниту кон коалициониот партнер СДСМ во вториот круг на изборитеа, а згора на се во низа општини ДОМ и ЛДП нанесоа штета кон СДСМ во изборните резултати каде за десетина гласови коалициониот партнер не освои плус советници или мнозинство во советите.

Во недела се оддржува вториот круг за избор на градоначалници. Нервозата расте со тоа што дополнителна штетата, ДОМ и ЛДП ќе нанесат кон ослабување на позициите на СДСМ доколку победи кандидатот за градоначалник во Шуто Оризари, Курто Дудуш, довчерашен градоначалник од СДСМ, а сега е номиниран од ДОМ и ЛДП кој е во трка против кандидатот на СДСМ, Ферат Асан.

Ќе биде ли ова причина да „пукне тиквата“ во коалицијата останува да видиме?!

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме IMPACT-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search