Илон Маск може да го испрати Путин на Јупитер

Украинскиот вицепремиер Михаило Федоров започна кампања за собирање на средства за да го испрати Путин на Јупитер, а собраните пари најави дека ќе се искористат за поправка на уништената инфраструктура во Украина.
Оваа иницијатива започна како реакција на коментарот на директорот на руската вселенска агенција Роскосмос, Димитри Рогозин кој на интернет се конфронтираше со Илон Маск, основачот на Тесла кој го нарече „Мал ѓавол“ поради фактот што овозможил непречена интернет конекција за украинскиот народ преку сателитите на Старлинк.
Имено SpaceX на Илон Маск испрати повеќе од 3500 сателити за да овозможи на украинците пристап до мрежата, а се претставува дека и преку истите е дадена помош за потопување на крстосувачот Москва, на што Димитриј Медведев се закани дека Русија била подготвена да ги собори сателитите на Старлник со што би започнале и вселенска војна.