Историски резултати на зелените во Германија

Доминацијата на Унијата и СПД замина во историјата – избирачите дадоа јасен сигнал за промена. Зелените од Германија самоуверено можат да влезат во сондирачки разговори за создавање владеачка коалиција. Тие се невестата околу која се вртат сите и оваа невеста може да стане скапа.

Треба да се засукаат ракавите за големите задачи – заштита на климата, дигитализација и неопходната модернизација на Германија. Оваа Херкуловска задача може да се реши само заедно со помалите партии. Како Зелените, така и ФДП кои ќе имаат важна улога при составувањето на која и да е замислива коалиција. Без нив нема да биде можно ништо.
Она што е јасно на овие избори е поразот на ЦДУ/ЦСУ, дури и покрај тоа што загубата на гласови не е толку голема како што се предвидуваше од страна на најголемиот дел од институтите за истражување на јавното мислење.
Резултатот е неизвесен, но Германците не сакаат продолжение на политиката на Ангела Меркел. Моќта и влијанието на големите партии ЦДУ и СПД е значително намалена во споредба со минатото. Германската политика станува пошарена. Тоа е шанса за зафаќање со големите теми на иднината – дигитализацијата и наклонетост кон заштита на климата за која најмногу говореше Аналена Бербок, шпицниот кандидат на Зелените од Германија.
Кои се возможни коалиции во Германија за формирање на Влада?

КАКО ДА СЕ ОЗЕЛЕНИ И НАШЕТО ОПШТЕСТВО?
Изборниот процес започна и кај нас. Како во Македонија да се случи озеленување на општеството? Како и кај нас да се започне со масовен зелен бран што ја опфати Европа?
Граѓаните за да го поддржат зелениот бран во Македонија својот глас ќе можат да го дадат за: