Ова е битка за факти – Добитници на Нобеловата Награда за мир

„Авторитарните лидери и младите диктатори сакаат доброволно да се откажеме од нашите права. Но, тогаш ние ќе се откажеме од обврската да им служиме“ – Марија Реса – добитник на Нобеловата награда за мир 2021.
Оваа година Нобеловата награда за мир оди кај двајца лауреати, Марија Реса од Филипини и Димитри Муратов од Русија.
Наградата им се доделува за нивните напори да ја заштитат слободата на говор, што е предуслов за демократија и траен мир.
Марија Реса, од Филипини, фокусот го има на критичкото внимание на контроверзната, убиствена кампања против дрогата на режимот на Дутерте“, а Муратов, пак, е еден од основачите на независниот руски весник Новаја Газета прогласен за најнезависниот весник во Русија денес, со суштински критички став кон моќта.