Повик до Бибер да го откаже саудискиот концерт

Вереницата на убиениот новинар Џамал Кашоги го повика Џастин Бибер да го откаже претстојниот концерт во Саудиска Арабија следниот месец.
Канадскиот пејач е меѓу ѕвездите кои треба да настапат на првото Гран при на кралството во Формула 1 во Џеда.
Но, Хатиџе Џенгиз напиша отворено писмо до Бибер во кое го повика да „испрати моќна порака“ со повлекување.
Кашоги, истакнат критичар на саудискиот режим, беше убиен во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул во октомври 2018 година.
Тој отишол таму да земе документи за свадбата. Телото на новинарот беше распарчено додека неговата сопруга, Џенгиз го чекаше надвор.
„Не пејте за убијците на мојот сакан Џамал“, напиша г-ѓа Џенгиз во писмото објавено во Вашингтон Пост.
Таа повика дека Бибер има „уникатна можност“ да покаже дека неговото „име и талент нема да се користат за враќање на угледот на режимот што ги убива неговите критичари“.
Бибер треба да биде главна ѕвезда на Ф1 трката на 5 декември, на кој ќе му се придружат уметници како A$AP Rocky, David Guetta и Jason Derulo.
Human Rights Watch, исто така, ги повика Бибер и другите изведувачи да се повлечат од концертите на Ф1, велејќи дека настаните имаат за цел да го одвлечат вниманието од досието за човекови права во Саудиска Арабија.
Извештајот на американското разузнавање покажа дека Мохамед бин Салман од Саудиска Арабија, владетел на кралството, го одобрил убиството на Кашоги. Сепак, престолонаследникот постојано негирa каква било вмешаност.
59-годишниот новинар беше советник на саудиската влада и близок до кралското семејство, но побегнал во егзил во САД во 2017 година.
Бибер не е првата поп ѕвезда која се соочува со притисок да се повлече од концертот во Саудиска Арабија.
Во 2019 година, раперката Ники Минаж го откажа закажаниот настап во Џеда, наведувајќи ја нејзината поддршка за жените и правата на ЛГБТ.