Пристапноста на институциите не е привилегија туку основно право!

Пристапноста до институциите не е привилегија, туку стандард и основно човеково и граѓанско право. Под мотото Open Doors Institutions 4 ALL., Фондацијата Импакт Нет ја реализираше Тренинг работилницата и презентацијата на проектот „Дигитален Зелен Пристап – Младите Мапираат за Инклузивна Демократија“. Настанот се оддржа во Europe House Veles .
Digital Green Access е иницијатива за дигитална демократија предводена од млади луѓе и Фондацијата Импакт Нет. Иницијативата одговара на долготрајниот проблем со непристапноста на јавните институции поради физички бариера за лица со физичка попреченост, родители со детски колички, за лица кои користат помагала за движење и за лица со оштетен слух и вид.
Проектот е креиран со цел зајакнување на граѓанскиот простор преку обезбедување дигитални алатки за инклузивна демократија во институциите чија пристапност и физички бариери не треба да исклучуваат никого и треба да обезбедат трансформација на пристапноста на институциите од скриен инфраструктурен проблем во видлив демократски приоритет зашто пристапноста и достапноста на институциите не е привилегија туку основно човеково право.
Активностите е предвидено да овозможат широка соработка со организациите за лица со попреченост и со јавните институции.

Проектот е во имплементација на Фондацијата Импакт Нет и младите лидери од XYZ Green Gen и Impact Hub, ученици од четирите средни училишта во Велес.
Креатор на иницијативата и иновацијата е Стевче Дечев, а координатор на проектот е Александра Димитриоска, во активна соработка со Далиборка Златева и Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес.
Проектот „Дигитален зелен пристап: Младите мапираат за инклузивна демократија“ е поддржан преку грантовата шема Digital Spark, како дел од проектот Регионален механизам за поддршка EECA, спроведуван од Фондацијата Метаморфозис и TechSoup, во партнерство со CIVICUS и во рамките на Digital Democracy Initiative (DDI), која го опфаќа Глобалниот Југ.
На Тренинг работилницата и презентација на проектот координатор на проектот, Александра Димитриоска изврши претставување на Писмото – прашалник кое ќе биде упатено до јавните институции со цел сондирање на информациите и состојбата на терен, пред да се изврши дигитално мапирање. ПРАШАЛНИКОТ Е ДОСТАПЕН НА ЛИНКОТ: https://forms.gle/KSPk72P7kxanBgpy8
Далиборка Златева од Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес говореше за секојдневните предизвици за лицата со попреченост во обавувањето на основните граѓански и човекови права и обврски пред јавните (државни, локални) институции и потребата од трансформација и инклузија во општеството, за никој да не биде исклучен.
Со прашања се вклучија и младите лидери од XYZ Green Gen и Impact Hub, ученици од четирите средни училишта во Велес кои добија и директни емотивни одговори од лица со попреченост со кои секојдневни пречки, предизвици и бариери се соочуваат.

Младите лидери извршија и претставување на дигиталната апликација која ќе се креира и која ќе биде алатка за мапирање на пристапноста на институциите.
Водители на настанот беа: Лука Панов и Анѓела Колодезни.
Видео и фотографија: Димитар Андонов, асистент: Љубе Лазов.
Млади лидери организатори на настанот и во проектот: Александар Јорданов, Марко Ангелов, Лука Андреев, Димитрија Србов, Антонио Неделчев, Бојана Мицевска, Димитар Кузманов и други.
Проектот е во имплементација на Фондацијата Импакт Нет, а е поддржан преку грантовата шема Digital Spark, како дел од проектот Регионален механизам за поддршка EECA, спроведуван од Фондацијата Метаморфозис и TechSoup, во партнерство со CIVICUS и во рамките на Digital Democracy Initiative (DDI), која го опфаќа Глобалниот Југ.





