Промовирани Зелените Амбасадори и Подкастите XYZ во градот на Еколошката Револуција

По повод Денот на пролетта, екологијата и поезијата Фондацијата Импакт Нет во Иновативниот Хаб – Вардар, ги промовираше Зелените Амбасадори и Проектот и Подкастите XYZ.
Од Фондацијата веруваат дека младите се суштинскиот носите на промените и треба да бидат клучните актери во промоцијата и имплементација на Зелениот Договор на ЕУ и Агендата за Западен Балкан.
Промоцијата на подкастите ќе започне од наредната недела на youtube каналот на Импакт Медиа:
https://youtube.com/@Impact-Media?si=Oa0o3roADnSF94Nd
а кратки верзии ќе може да пронајдете и на нивните канали на социјалните медиуми:
https://www.instagram.com/impactnet.media/
https://www.facebook.com/impactnetfoundation/
Фондацијата има и свое Интернет радио – Impact Radio http://impact-press.com кое емитува 24/7 музика.
Во разговорите со гостите во Подкастите ќе бидат опфатени интересни актуелни зелени теми преку кои ќе дознаеме повеќе информации за трансформацијата на нашето општество кон зелено согласно насоките на Зелениот Договор на ЕУ.
Во подкастите има три рубрики: Контекст, Отворено Друштво и Форум Импакт, во кои се појавуваат, Димитар Андонов, Ангела Колодезни, Марко Ангелов, Андреј Теов, Александар Јордановски, Вики Влахчева, Ива Андоновска и Стевче Дечев.
Во реализацијата на проектот свој придонес имаат и Драмското Поетско Студио Премиера, Центарот за развоја на Вардарски плански регион,Филип Спиров, Александар Петровски и Зоран Ставрев и Димитар Андонов во продукцскиот дел.
„Проектот е реализиран со поддршка на Европската Комисија. Неговата содржина е единствена одговорност на Фондацијата Импакт Нет и не мора да ги одразува гледиштата на Европската Комисија“.