Заострување на односите НАТО – Москва

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, рече дека Москва, од 1 ноември, како одговор на укинувањето на акредитациите за осум соработници на руската мисија во Алијансата, ја прекинува работата на својата постојана мисија во НАТО, како и на главниот воен претставник.

Покрај тоа, Лавров посочи дека, од 1 ноември, Русија ќе ја прекине работата на воената мисија на НАТО во Русија, а акредитациите на претставниците на Алијансата ќе бидат укинати.

Исто така, прекината е и работата на Информативното биро на НАТО, кое беше формирано во белгиската амбасада.

Лавров, нагласи дека во иднина Алијансата ќе треба да се обраќа до рускиот амбасадор во Белгија и тоа ќе биде единствениот начин за НАТО да стапи во контакт со Москва.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме IMPACT-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search