Започнува неделата на објавување на добитници на Нобелова Награда

Со објавување на лауреатите на Нобеловата награда за медицина или физиологија почнува неделата на Нобелови награди. Наградата за медицина се доделува од 1901 година, исто како и Нобеловите награди за физика, хемија, литература и за мир. Шведскиот истражувач и индустријалец Алфред Нобел, кој починал пет години претходно, во својот тестамент наложил главницата од неговиот имот да оди во посебна фондација. Од добивката од производството на динамит почнало доделување награди на личности со посебни заслуги за човештвото.
Објавувањето на лауреатите на Нобеловата награда за медицина или физиологија ќе се одвива денес, понеделник 4ти Октомври.
Објавувањето на лареатите за Нобеловата награда за физика ќе биде во вторник, 5ти Октомври.
Лауреатите за Нобеловата награда за хемија ќе бидат соопштени на настан што ќе се одржи во среда, 6ти Октомври.
Лауреатите за Нобеловата награда за литература ќе бидат соопштени на настан што ќе се одржи во четврток, 7ми Октомври.
И во петок на 8ми Октомври ќе се бидат познати лауреатите за Нобеловата награда за мир.
Додека Нобеловата недела на дијалог – градови на иднината е закажано да се одржи во месец декември.
Сите настани ќе можат да се гледаат онлајн на следниот ЛИНК
Нобел (1833-1896) ги назначи институциите што ќе доделуваат награди секоја година, вклучувајќи ги Шведската академија за литература, Каролинската институција за медицина, Кралската шведска академија за физика и хемија и Комитетот за мир специјално избрани од парламентот на Норвешка. Нобеловата награда се состои од златен медал, диплома и чек за девет милиони круни (околу милион евра), а паричниот износ на наградата се дели ако има повеќе лауреати во една дисциплина. Доделувањето на наградата традиционално се одржува на 10 декември, денот на смртта на Алфред Нобел.