Филмот ја снима вистина, театарот ја преживува – поткаст со Васил Зафирчев

Промовирано е новото издание на поткастот Форум Импакт, со наслов „Филмот ја снима вистина, театарот ја преживува“ каде гостин е Васил Зафирчев – актер со силен сценски израз, препознатливо лице од театарот, филмот и телевизијата, и уметник кој со години остава длабока трага на македонската културна сцена.
Во поткастот се разговара за новиот филм „Утре наутро“, за процесот на создавање на филмски лик, но и за предизвиците и одговорноста што ја носи актерската професија денес. Васил отворено зборува за новите театарски претстави, за сцената како жив организам и за театарските штици што живот значат – местото каде емоцијата, искреноста и контактот со публиката се незаменливи.
Во поткастот со Зафирчев се разговара и за неговата филмска и актерска кариера, за улогите што го обележале, за искуствата што го изградиле како уметник, но и за идните планови и нови предизвици. Овој подкаст е искрен и длабок разговор за уметноста, посветеноста и патот на еден актер кој останува верен на сцената и на приказните што ги раскажува.
Погледнете едно инспиративно издание на Форум Импакт – разговор за глума, филм, театар и живот.

Во поткастот се употребени исечоци од видеа од настапи на Васил Зафирчев. Истите во целост можете да ги погледнете на следниве линкови: Кажи зошто ме остави: • Vasil Zafircev – Kazi zosto me ostavi (LIV…
Кондензиран воздив по тебе: • Васил Зафирчев – “Кондензиран воздив по тебе”
Дневникот на хулиганот: • Hooligan’s Diary promo clip
Преспав: • Prespav Sezona 6 na Gley TV!
Откако ќе го изгледате поткастот заследете ги и нашите медиски канали:
на Tik Tok : / impactnetmedia
на Facebook: / greenpresscom
на X https://x.com/ImpactNetMedia
Слушајте Импакт Радио кој како плеер можете да го најдете на интернет страниците:
www.green-press.com и на
www.theimpactnet.com
Водител на поткастот е: Стевче Дечев Техничкото водство при продукцијата на поткастот е на: Димитар Андонов Продукција: ИМПАКТ МЕДИА 2025г.
Изнесените ставови и одговорите на прашањата по поткастот се лични на гостите и не мора да се совпаѓаат со редакцискиот став или во целина со ставот на Фондацијата Импакт Нет и водителот.






