Како до помали сметки за струја? Енергија во раце на граѓаните или во раце на моќници!?

Поткаст со професорка и електроинженер Снежана Софијанова од ДСУ РЦСОО “Коле Неделковски” – Велес.

Енергетиката игра клучна улога во нашиот секојдневен живот, но зголемените сметки за струја стануваат сериозен товар за многу домаќинства.

Во овој контекст, младите се важен двигател на промени, со свежи идеи и иновативни решенија за намалување на енергетските трошоци. Преку се поголемата примена на обновливите извори на енергија, подобрување на енергетската ефикасност и одговорно користење на ресурсите, можеме заеднички да создадеме поодржлива иднина.

Зелениот Договор е наша визија за подобра, поодржлива и зелена иднина. Граѓанските активисти и експертите се нашите чувари на оваа визија, нашите предводници кон зелениот свет кој го мечтаме. Со нивна ангажираност и непрекината борба, можеме да создадеме општество кое го штити нашето природно богатство и осигурува благосостојба за сите негови жители Каква е состојбата со енергетската политика во државата?

Во време кога цените на електричната енергија растат, а климатските промени се сè поочигледни, енергетската транзиција станува неизбежна.

Во државата постои стратегија за постепено намалување на користењето фосилни горива, но реалноста покажува дека сме далеку од вистински праведна транзиција.

Каде сме ние?

– Инсталациите во термоелектраните се постари од 40 години, што ги прави неефикасни и штетни по животната средина.

– Зголемените температури и загадувањето на воздухот, особено во регионите каде што се користат фосилни горива, стануваат алармантни.

– Наместо да се овозможи енергијата да биде во рацете на граѓаните, монополот со електричната енергија сè повеќе преминува во рацете на финансиски моќници.

Решенија за граѓаните:

– Искористете го евтиниот блок: Користете електрични апарати со најголема потрошувачка во периодот на евтината тарифа.

– Планирајте правилно: Поставете ги апаратите (на пример, бојлерот) на позиции каде што ќе се минимизира загубата на енергија.

– Одржувајте ги уредите: Чистете го мразот во замрзнувачите и користете клима уреди со стабилна температура, наместо често вклучување и исклучување.

– Паметна технологија: Искористете ги паметните функции на уредите за поголема ефикасност.

👉 Долгорочни промени:

– Потребна е брза имплементација на технологии за складирање енергија, како и зголемување на капацитетите за обновливи извори.

– Локалните заедници треба да имаат право да инвестираат и управуваат со централи за енергија, што би ги задржало средствата во општините.

– Државата мора да обезбеди силна контрола врз производството на електрична енергија за да го заштити народот од монополите.

Што можете да направиме?

Да го пренесеме знаењето за штедење енергија на младите. Правилното користење на енергијата и свесноста за нејзината цена не само што ќе ги намали трошоците на семејствата, туку ќе помогне и во борбата со климатските промени. Време е да ја вратиме енергијата во рацете на граѓаните! 💡

Водители: Александар Јордановски, Димитар Андонов и Стевче Дечев.

Продуцент и техничко водство: Зоран Ставрев.

Техничка реализација: Димитар Андонов. Асистент: Филип Спиров.

Светло: Панче Спиров.

Уредник: Стевче Дечев.

На интернет страниците на Фондацијата и медиумските интернет страници ќе бидат објавувани стории за секој подкаст и одредени интервјуа со водителите и гостите

www.impat-press.com

www.green-press.com

www.theimpactnet.com

На интернет страниците на Фондацијата и медиумските интернет страници можете да ги погледнете и останатите поткасти и да го пронајдете радио плеерот од Импакт Интернет Радио со музика 24/7

www.impat-press.com

www.green-press.com

www.theimpactnet.com

Воедно ве повикуваме да ги заследите нашите социјални канали:

Тик Ток https://www.tiktok.com/@impactnetmedia

Facebook Fondacija Impact Net https://www.facebook.com/impactnetfoundation

GREEN PRESS https://www.facebook.com/greenpresscom

IMPACT MEDIA https://www.facebook.com/ImpactMediaTeam

INSTAGRAM – Green Press https://www.instagram.com/greenpress.media/

Impact Media https://www.instagram.com/impactnet.media/

Импакт Медиа – Импакт Нет Фондација на YouTube https://www.youtube.com/@Impact-Media

Поткастот е снимен во: Вардар Иновативен Хаб, Велес.

XYZ – Green ambassadors (зелени амбасадори) е когрантиран проект во реализација на Фондацијата Импакт Нет, а е поддржан од Европската Унија (ЕУ) во рамки на програмата Млади – агенти на промените, имплементиран од Центарот за Интеркултурен Дијалог – Куманово, Сојуз на извидници на Македонија и Центар за истражување и анализи – НОВУС Струмица.

„Оваа видео е произведено со поддршка на Европската Комисија. Неговата содржина е единствена одговорност на Фондацијата Импакт Нет и не мора да ги одразува гледиштата на Европската Комисија“.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме IMPACT-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search