Како се скрши тврдото срце на институциите за да ги заштитат граѓаните од загадување!? Подкаст XYZ со С.Гаврилова

Потребата за климатска рехабилитација на деца кои имаа последици по здравјето поради загадувањето од Топилницата во Велес беше еден од чекорите со кој се започна Зелената Револуција во Велес.

Хуманите примероци од деца во Велес споредени со деца од други градови покажа енормно присуство на олово и кадмиум што беше доказ за потреба од итно еколошко дејство.

Дали невладините организации и борците за здрава животна средина имаа поддршка од институциите на почетокот на борбата против загадувачот во Велес?

Дали институциите превземаа доволно мерки за да ги заштитат граѓаните од загадувањето? Каде се скрши тврдото срце на институциите за да почнат да дејствуваат во интерес на здравјето на граѓаните? Кои се предизвиците на новото време кои го загрозуваат здравјето на децата и младите? Кои се заканите по здравјето на луѓето и животната средина? Како градот Велес ја тужеше државата согласно уставното право за здрава животна средина? Како со НВО-ии Велес ја извојува Зелената Револуција? Дали сме на прав пат и дали навистина дествуваме за да изградиме зелени градови и зелено општество? и уште многу пикантни теми и информации слушнете во подкастот со г-ѓа Соња Гаврилова, психолог и поранешна претседателка на Здружението на родители за грижа за здраво поколение.

Водители на подкастот се: Димитар Андонов, Андреј Теов, Вики Влахчева и Стевче Дечев. Продуцент и техничко водство е на: Зоран Ставрев. Техничката реализација на: Димитар Андонов и асистенција од: Филип Спиров. За светлото одговорен: Панче Спиров. Додека Уредник е: Стевче Дечев.

На интернет страниците на Фондацијата и медиумските интернет страници ќе бидат објавувани стории за секој подкаст и одредени интервјуа со водителите и гостите

www.impat-press.com

www.green-press.com

www.theimpactnet.com

Објавите од YouTube и интернет страницата ќе бидат објавувани и на социјалните канали

Facebook Fondacija Impact Net

https://www.facebook.com/impactnetfoundation

GREEN PRESS

https://www.facebook.com/greenpresscom

IMPACT MEDIA

https://www.facebook.com/ImpactMediaTeam

INSTAGRAM – Green Press

https://www.instagram.com/greenpress.media/

Impact Media

https://www.instagram.com/impactnet.media/

Tik Tok profil>

Импакт Медиа – Импакт Нет Фондација на YouTube

https://www.youtube.com/@Impact-Media

Снимено во: Вардар Иновативен Хаб, Велес.

XYZ – Green ambassadors (зелени амбасадори) е когрантиран проект во реализација на Фондацијата Импакт Нет, а е поддржан од Европската Унија (ЕУ) во рамки на програмата Млади – агенти на промените, имплементиран од Центарот за Интеркултурен Дијалог – Куманово, Сојуз на извидници на Македонија и Центар за истражување и анализи – НОВУС Струмица.

„Оваа видео е произведено со поддршка на Европската Комисија. Неговата содржина е единствена одговорност на Фондацијата Импакт Нет и не мора да ги одразува гледиштата на Европската Комисија“.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме IMPACT-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search