козметика пријател на животните!


Имавме можност да поразговараме со Оливера Карадакова – успешна жена претприемач и сопственик на Естетско студио Оливера во Велес. Темата која денес ја отворивме со неа е: Како може да ја распознаваме која козметика е пријател на животните!
ОЛИВЕРА: Денес, многу луѓе обрнуваат посебно внимание на тоа дали козметиката се тестира врз животни.⠀И, ова е многу позитивен тренд, според мое мислење.
Целата козметика што не е тестирана на животни може да се подели на два големи дела:
• Етичка козметика (производите не се тестираат на животни, но може да содржат производи од животинско потекло: мед, восок, животински масти, итн. Тие се означени со одредена икона во форма на зајак во круг и придружена со натпис „Не е тестирано на животни или се Animal friendly.
• И веганска козметика – не е тестирана на животни и не содржи производи од животинско потекло, обележани со буквата V „Веган“, но треба да се напомене дека некои вегански производи сè уште се тестираат на животни.
Бидејќи етичката и веганската козметика од неодамна се шират во нашата земја, има многу дупки што може да се користат за да се добие посакуваната етикета.⠀Како можете да бидете сигурни дека вашата козметика е навистина етичка?⠀
ОЛИВЕРА: Постои список на организацијата PETA – People for the Ethical Treatment of Animals, ПЕТА Луѓе за етички третман на животните – организација која ги позиционира своите активности како борба за правата на животните. Списокот постојано се ажурира. Но, ако немате време да барате име, можете да ја користите бесплатната апликација Bunny.
Сепак, не заборавајте дека многу од алатките – средства и екстракти, нивната штета и придобивки, веќe постоеја на пазарот пред да започне модата за недостаток на тестирање на животни. Затоа, денес е многу полесно да се стави таков знак на етикета.⠀Дали Вие обрнувате внимание на овој критериум?