Партиската припадност за многумина е побитна од грижата за животната средина! Поткаст XYZ со Дени од Зелените

Загадениот воздух во Скопје како да е само зимска тема. Го преспиваат ли остатокот од периодот носачите на одлуки? Со ЗЕЛЕН СТАВ наспроти моќници. Поткаст XYZ со Дејан Димитровски од Зелените.
Во него Дејан, од Зелените, како поранешен советник во Општина Гази Баба и пример за советник и активист кој размислува со своја глава во интерес на гаѓаните ќе изјави: Штом го чуствуваме сеуште огромното загадување на воздухот, значи не е направено доволно.
Тој ќе потврди дека: не секогаш од советникот се бара да размислува со своја глава. Мнозина советници во Советите научуваат само да климаат со главата во знак на одобрување на сешто. Партиската припадност за многумина е над грижата за животната средина и сопственото здравје. Затоа, многу е важно во Советите да има што е можно повеќе независни советници.
Бројот на независни и зелени советници може да обезбеди 4-5 пратенички мандати. Потребно е обединување на зелените активисти и движења во Македонија. Има страв кај партиите. Тие изгласаа закон за да не ограничат за да се кандидираме како независни.
Во поткастот ќе слушнеме и за тоа, како може граѓанската активност да влијае врз политичките одлуки за заштита на животната средина? Кој е најефективен начин за мобилизирање на заедницата за заштита на животната средина? И ќе се потврди дека: Самото неспроведување на законите не носи на ова ниво на кое сме.
Затоа Дени со своите зелени соборци ќе рече: Не сме задоволни од напредокот како активисти. Каде и да има протест за животната средина, таму сум и јас! На свој грб ја осетив партиската машинерија но не смее да се сопре.
Водители на подкастот се: Димитар Андонов, Марко Ангелов, Ива Андоновска и Стевче Дечев.

Продуцент и техничко водство е на: Зоран Ставрев. Техничката реализација на: Димитар Андонов и асистенција од: Филип Спиров.
За светлото одговорен: Панче Спиров.
Уредник: Стевче Дечев.
На интернет страниците на Фондацијата и медиумските интернет страници можете да ги погледнете и останатите поткасти и да го пронајдете радио плеерот од Импакт Интернет Радио со музика 24/7
www.impat-press.com
www.green-press.com
www.theimpactnet.com
Воедно ве повикуваме да ги заследите нашите социјални канали:
Тик Ток https://www.tiktok.com/@impactnetmedia
Facebook Fondacija Impact Net https://www.facebook.com/impactnetfoundation
GREEN PRESS https://www.facebook.com/greenpresscom
IMPACT MEDIA https://www.facebook.com/ImpactMediaTeam
INSTAGRAM – Green Press https://www.instagram.com/greenpress.media/
Impact Media https://www.instagram.com/impactnet.media/
Импакт Медиа – Импакт Нет Фондација на YouTube https://www.youtube.com/@Impact-Media
Поткастот е снимен во: Вардар Иновативен Хаб, Велес.
XYZ – Green ambassadors (зелени амбасадори) е когрантиран проект во реализација на Фондацијата Импакт Нет, а е поддржан од Европската Унија (ЕУ) во рамки на програмата Млади – агенти на промените, имплементиран од Центарот за Интеркултурен Дијалог – Куманово, Сојуз на извидници на Македонија и Центар за истражување и анализи – НОВУС Струмица.
„Оваа видео е произведено со поддршка на Европската Комисија. Неговата содржина е единствена одговорност на Фондацијата Импакт Нет и не мора да ги одразува гледиштата на Европската Комисија“.