Праведна транзиција и помали сметки за струја или бомбона бизнис за имотни!? Форум Импакт, тема за фотоволтаици

Она што во ЕУ значи ПРАВЕДНА ТРАНЗИЦИЈА кај нас е повторно „бомбона бизнис“ за имотни лица или пазар за производство на струја од сонце и инсталирање на фотоволтаици!
Изминативе години сме се повеќе сведоци на инсталирање на фотоволтаици за производство на струја од сонце, на низа кровови на куќи, згради, институции и по полиња како огромни фарми. Сето тоа е за поздрав ако се има во предвид дека Македонија како потписник на Агендата за Западен Балкан и аспирант за членство во ЕУ. Во 2019 г. ЕУ го усвои Зелениот Договор со кој се предвидува намалување на фосилните горива до 2030г. за 55% или до 2050 г. Европа да постане континент ослободен од штетни емисии од фосилни горива.
Но кај нас, монополот на ЕВН / ЕСМ кој постоеше со децении и употребата на фосилни горива за производство на струја наместо да се помогне со субвенции од државата да се одвива по принципот на праведна транзиција, повторно се дава предност, поволности и субвенции на имотните лица. Наместо енергијата да се овозможи да биде во рацете на граѓаните, граѓаните повторно ќе плаќаат се повисоки сметки за струја.
На тема фотоволтаици, нивна инсталација, примена со повеќе пикантни размислувања и прашања се разговараше во новото издание на Форум Импакт – поткаст со Стевче Дечев, Димитар Андоновски, младите ор Отворено Друштво, Александар Јордановски и Андреј Теов, во кој гостин е проф. Трајко Ајтов.
Ги распродаваме ли ресурсите на странците? Откупната цена на струјата од домаќинствата кои произведуваат струја е катастрофално ниска. Кога целосно ќе се расчисти со монополот во енергетиката? Ситиот на гладниот не му верува или кога му верува баш му е гајле. Потребно е инвестирање во акомулирање на енергијата. Да се продава струјата кога цената на енергијата на пазарот е повисока. Бенефит од вишокот енергија е потребно да имаат домаќинствата. Кои се законските пречки за да се случи се поголемо присуство на инсталирање на фотоволтаиците на крововите на домовите?
Нашиот образовен систем е интертен во поглед на соодветни програми за новите технологии. Во програмите на електротехничарите, обовливите извори на енергија како материја и фотоволтаиците не се влезени ни со 3=5%, а тек па да се збори за посебна струка.
Дали постојат доволно субвенции за поддршка на граѓаните во стимулирање на инсталирање на фотоволтаици? Не смее да се дозволува понатаму земјиште од А класа плодно земјиште да се пренаменува за фарми за фотоволтаици. Училиштата инсталираа фотоволтаици на крововите. Каде оди вишокот на струја? Зошто не се дозволува истите да имаат поголема површина од фотоволтаици? Што после искористувањето на фотоволтаиците и отпадот кога истите ќе бидат искористени?

Здружување на домаќинствата во енергетски задруги е вистинското решение и плаќање на струјата по реална цена/ да се плаќа струјата колку што вреди.
Водители на поткастот е: Стевче Дечев.
Продуцент и техничко водство: Зоран Ставрев.
Техничка реализација: Димитар Андонов.
Импакт Нет Фондација на YouTube https://www.youtube.com/@Impact-Media
www.impat-press.com
TikTok – Impact Media https://www.tiktok.com/@impactnetmedia
YouTube https://www.youtube.com/@Impact-Media
GREEN PRESS https://www.facebook.com/greenpresscom
IMPACT MEDIA https://www.facebook.com/greenpresscom
www.green-press.com
Социјални канали во целосна верзија и исечоци од најбитни делови на
Facebook Fondacija Impact Net https://www.facebook.com/impactnetfoundation
INSTAGRAM – Green Press https://www.instagram.com/greenpress.media/ Impact Media
https://www.instagram.com/impactnet.media/
