Загадувачите на животната средина се опасност не цвеќара! Подкаст XYZ со Лилјана Поповска

Зелениот Договор на Европската Унија е во центарот на вниманието како важен стратегиски план за борба против климатските промени и заштита на животната средина. Но додека владите и институциите играат клучна улога во имплементацијата на овие стратегии, граѓанските активисти допринесуваат во осигурувањето на нивната успешност.

Граѓанските активисти се срцето и душата на промената кон зелено општество. Тие се посветени на промена, работејќи со заедниците и подигнувајќи свест за важноста на одржливоста и заштитата на животната средина. Нивната преданост и ангажираност се критични за успешноста на Зелениот Договор.

Преку различни активности граѓанските активисти посакуваат Зелениот Договор да биде реалност. Тие го подигнуваат гласот на граѓаните, ги поттикнуваат лидерите да дејствуваат и ги креираат условите за развој на зелени практики и иновации.

Погледнете го покастот со Лилјана Поповска, поранешен пратеник, основач на зелената партија и сегашен граѓански активист. Слушнете за предизвиците кои ги носи функцијата праптеник. Дознајте каде има поискрени луѓе во политиката или во граѓанскиот сектор. Преку искуството и вештините на нашата гостинка, ќе истражиме како можеме да изградиме зелена општина како модел за одржлив развој и заштита на природата

Водители на подкастот се: Марко Ангелов, Ангела Колодезни и Стевче Дечев. Продуцент и техничко водство: Зоран Ставрев. Техничка реализација: Димитар Андонов. Асистент: Филип Спиров. Светло: Панче Спиров. Уредник: Стевче Дечев.

Објавите од YouTube и интернет страницата ќе бидат објавувани и на социјалните канали во целосна верзија и исечоци од најбитни делови на 

Facebook Fondacija Impact Net  https://www.facebook.com/impactnetfoundation

GREEN PRESS 

https://www.facebook.com/greenpresscom

IMPACT MEDIA 

https://www.facebook.com/greenpresscom

INSTAGRAM – Green Press 

https://www.instagram.com/greenpress.media/

Impact Media 

https://www.instagram.com/impactnet.media/

TikTok – Impact Media 

Импакт Медиа – Импакт Нет Фондација на YouTube https://www.youtube.com/@Impact-Media

Снимено во: Вардар Иновативен Хаб, Велес. 

„Оваа видео е произведено со поддршка на Европската Комисија. Неговата содржина е единствена одговорност на Фондацијата Импакт Нет и не мора да ги одразува гледиштата на Европската Комисија“.

За нас

Со цел промоција на зелените вредности, слободата на говор и мисла, вистинитоста на факти, зајакнати со промоција на граѓанското општество и активизам, почит на различностите, унапредување на информираноста на граѓаните, развој на политичката култура и етика, а со посветеност за допринос кон похумано општество, праведна транзиција кон зелено со императив за унапредување на квалитетот на живот го создадовме IMPACT-PRES.com како дел од независните, слободни и плуралистички медиуми.

Start typing and press Enter to search